Аларм во Реал – Марсело се повреди на две седмици пред реваншот со ПСЖ

Реал Мадрид скапо ја плати синоќешната победа во Севилја над Бетис, откако тренерот Зинедин Зидан остана без услугите на Марсело во следниот период. Левиот бек се повреди во првото полувреме и мораше да биде заменет жалејќи се на болка во мускулот.

Тој рече дека болката не е преголема, но прегледите ќе покажат колку е сериозна ситуацијата“ – изјави Зидан веднаш по натпреварот.

Желба на сите во Реал е Бразилецот да се рехабилитира навреме за да настапи против ПСЖ, натпревар што е на програмата за 15 дена и на кој евентуалното отсуство на Марсело би претставувало огромен „минус“ за актуелниот европски првак. Покрај Марсело повреден е и Тони Крос, кој исто така се наоѓа во трка со времето за настап во Париз.

Се вчитува...