Атлетико Мадрид оствари убедлив триумф (0-4) на гости против Алавес и се зацврсти на втората позиција на табелата во Ла Лига со 59 бода, десет помалку од лидерот Барселона. Тимот на Диего Симеоне одигра квалитетен меч и го декласира ривалот.
Саул во петтата минута донесе водство, а Диего Коста шест минути подоцна ја удвои предноста. Беше јасно дека Атлетико Мадрид е дојден да ги освои трите бода.
Во второто полувреме Алваро Мората и Томас Парти постигнаа уште два гола за гостите, за конечни 0-4 на овој дуел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА