Алба славеше против Пао, АСВЕЛ ја изненади Барселона

Алба стигна до деветата победа во Евролигата откако успеа да го совлада Панатинаикос со 74-65, благодарение на одличната последна четвртина која Германците ја добија со 24-12. Јоханес Тиман беше првото име кај домаќините со 16 поени, додека гостите ги предводеше Арон Вајт со 14 поени и 8 скока.

Францускиот АСВЕЛ приреди изненадување откако го совлада лидерот на табелата, Барселона на гостински терен со 69-76. Брендон Дејвис беше првото име кај каталонците со 22 поени и 8 скока, додека Норис Кол ги предводеше гостите со 21 поен и 4 асистенции.


Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...