Албанците му врачија отказ на Панучи по поразот од Турција

Албанската фудбалска федерација се одлучи да ја прекине соработката со италијанскиот стратег Кристијан Панучи по вчерашниот пораз од Турција (0-2) на стартот од квалификациите за ЕП 2020.

„Албанската фудбалска федерација информира дека официјално ја прекинува соработката со тренерот Кристијан Панучи. Му благодариме на Панучи за досегашната работа со нашата репрезентација и му посакуваме успех во неговата идна кариера. Националниот тим во вториот официјален натпревар од квалификациите за ЕП против Андора ќе го предводат Ервин Булку и Сулејман Мема“ – се вели во соопштението од Албанската фудбалска федерација по отказот за Панучи.

Се вчитува...