Алборг го „реши“ Пик Сегед, Монпелје за малку од готово-вересија против ППД Загреб

Ракометарите на Алборг стигнаа до триумф против Пик Сегед од 34-30 во 9. коло во Лигата на шампионите. Данскиот шампион одигра подобро од својот противник во текот на целиот натпревар и на крајот заслужено стигна до полниот плен.

Кристенсен со девет  гола беше најефикасен кај победникот, додека во таборот на унгарскиот тим Соштариќ и Бахиди завршија со по седум.

Лидерот на табелата во групата А, Монпелје за малку ќе направеше од готово вересија на домашен терен против ППД Загреб. Французите имаа водство во текот на целиот меч, се до финишот кога гостите успеаја да се доближат, но немаа сила за целосно враќање во мечот, по што фаворитот сепак стигна до триумфот (24-23). Најдобар поединец кај победникот беше Валиниус со пет гола, додека кај поразените Иван Чупиќ заврши со ист број погодоци.

Се вчитува...