Алдервирелд го напушта Тотенхем

Белгискиот фудбалер Тоби Алдервирелд во наредниот трансфер период ќе го напушти Тотенхем. Искусниот дефанзивец има право во последните две седмици од трансфер периодот да го напушти лондонскиот клуб, доколку некоја екипа се нафати да ја исплати клаузулата од 30 милиони евра.

Алдервирелд најави дека нема да остане во Тотенхем, а најголем кандидат за неговите услуги е Манчестер Јунајтед. Клубот од „Олд трафорд“ веќе две години се обидува да го донесе во своите редови, а најверојатно ова лето ќе успеат да ја добијат битката со сопственикот на Тотенхем, Даниел Леви.

Освен Јунајтед, заинтересирани за услугите на Белгиецот се и Јувентус и Барселона.

Се вчитува...