Алегри: Да не беше казната, сега ќе бевме втори

Тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри даде свој коментар за ситуацијата во која се наоѓа тимот после казната од италијанската федерација со одземање на 15 бодови.

Тој е задоволен од победата над Фиорентина, но смета дека екипата може многу повеќе.

„Да се игра против Фиорентина никогаш не е лесно, Момците беа добри. После казната која ја добивме имаше добра реакција против Аталанта, но и лоша игра со Монца. Мораме да освојуваме што повеќе бодови. Во два натпревари дојдовме на еден бод од седмото место. Да не беше казната, сега ќе бевме втори. Но оваа ситуација мора да најдеме предизвик и да се обидеме да бидеме што подобро пласирани“, рече Алегри.

Се вчитува...