Алегри е блиску до клупата на Рома

Стартот на новата сезона во Калчо-лигата наскоро би можел да донесе и „бомба“ од тренерски аспект, откако беше обелоденето дека Рома почнала преговори со Масимилијано Алегри, за овој трофеен стратег да ја преземе контролата над „римската волчица“. Новите сопственици на клубот не се воодушевени од работата на Фонсека и сакаат да почнат нов проект, со Франческо Тоти на директорската функција, но и со тренер со победнички менталитет.

Алегри дефинитивно го поседува тој квалитет, станува збор за стратег што освојуваше скудета со Милан и со Јувентус, но веќе втора година е без ангажман откако си замина од кормилото на „старата дама“. Тој беше поврзуван со Интер, Барселона, Манчестер Јунајтед и ПСЖ, се уште е без работа, па сега многу сериозно ја разгледува опцијата за преселба во Рим.

Двете страни неодамна ги почнале преговорите, Алегри побарал плата од 10 милиони евра, но и значителен буџет за засилувања, свесен дека со овој играчки кадар не би можел да влезе во Топ 4 екипите на табелата. За очекување е разговорите да продолжат во наредните неколку дена, а доколку бидат договорени клучните детали, Алегри би можел до крајот на месецов и официјално да седне на клупата на Рома.

Се вчитува...