Алегри е поранешен, Хрват седнува на клупата на Јувентус!?

И покрај тоа што Јувентус не обезбеди место во Лигата на шампионите пред се поради одлуката на италијанската федерација да го казни клубот со одземање на бодови, сепак, „бурата“ во овој клуб и смените во раководството не престанува. Јасно е дека торинскиот клуб во летниот преоден рок ќе претрпи многу промени, како во играчкиот кадар, така и во стручниот штаб.

Италијанските медиуми пишуваат дека по завршувањето на сезоната, Масимилијано Алегри ќе стане „поранешен“, и на негово место ќе дојде поранешниот играч и тренер на екипата, Игор Тудор.

Тудор во моментов е тренер на Олимпик Марсеј, но се погласни се шпекулациите дека на крајот од сезоната ќе си замине од клубот и со тоа би можел да се врати во Италија. Тој беше помошник тренер на Јувентус, и тренер на Верона, а сега, конечно, ќе ја дочека шансата да го води клубот каде што настапуваше во кариерата во минатото.

Јувентус исто така ќе претрпи и големи измени во играчкиот кадар по катастрофалната сезона која ја имаше, и во која клубот многу веројатно нема да игра во Европа идната година, или во најдобар случај може да обезбеди место во Лигата на Конференции.

Се вчитува...