Алегри: Фала за Манџукиќ, што доби црвен картон!

Јувентус вчера славеше убедливо на гости против Удинезе со 2-6, и тоа откако остана со играч помалку во 27.минута поради исклучувањето на Марио Манџукиќ. Иако Хрватот направи глупост, сепак, тренерот Масимилијано Алегри му е благодарен, истајнувајќи дека така го ставил на тест целиот тим.

„Сакав да го одморам Манџукиќ на следниот натпревар, а сега тоа ќе морам да го сторам поради црвениот картон. Но, всушност, сакам да му заблагодарам, затоа што за да се вратиме на победнички колосек, мораме да играме многу поцврсто во одбраната и да се мачиме за да стигнеме до добри резултати. Поради тоа, фала за Манџукиќ, поради него сите останати одиграа многу подобро“, изјави Масимилијано Алегри.

Јувентус в среда го пречекува Спал во Торино, во следното коло од Серија А.

 

Се вчитува...