Алегри изненадувачки: Вака не се игра, среќа што го имаме Роналдо

Иако според многумина Јувентус одигра одличен натпревар со кој го елиминираше Атлетико Мадрид од Лигата на шампионите, стратегот Масимилијано Алегри изненадувачки со серија критики по мечот за својот тим.

„Ова не беше баш најдобро. Не е дека вака се практикува фудбалската игра, но единствено добро е што останавме максимално фокусирани до крајот на дуелот. Атлетико одигра квалитетен меч, но наша среќа е што го имаме Кристијано Роналдо. Ќе беше нереално тој да ја заврши Лигата на шампионите со само еден постигнат гол. Во секој случај честитки за сите фудбалери, сепак вакво нешто може да направи само екипа со карактер“ – истакна Алегри.

Тренерот на „Старата дама“ не мисли дека Јувентус е фаворит за освојување на европската круна.

„Не, не сме фаворити. Можеби сме во некој круг, но тоа е се. Сигурно не сме главни фаворити“ – дополни Алегри по синоќешната елиминација на Атлетико Мадрид.

Се вчитува...