Тренерот на Јувентус Максимилијано Алегри на денешната пресконференција пред дербито со Наполи вели дека екипата на Маурицио Сари е фаворит за освојување на Серија А оваа сезона.
„Наполи е фаворит за освојување на Скудетото. Тие досега покажаа дека се најдобриот тим во Италија, не секоја екипа може да оствари ваков позитивен рекорд во овој дел од првенството. 12 победи и две реми по 14. кола е нешто што ретко се гледа во италијанското првенство, утре ќе се соочиме со тим кој игра многу побрз фудбал од нас, па сметам дека заслужено се наоѓаат на врвот на табелата“, вели Алегри.
Италијанскиот стратег потоа додаде дека сите во Италија очекуваат Јувентус да изгуби утре на „Сан Паоло“, но и воoпшто во трката за Скудетото со цел да се прекине серијата од шест последователни титули во првенството.
„Сите очекуваат Јувентус да загуби утре против Наполи, за на крајот од првентството некоја друга екипа да биде шампион. Но, тоа нас ни дава уште поголема мотивација да оствариме позитивен исход на средбата и да ја вратиме неизвесноста во трката за самото Скудето, со цел да ја продолжиме низата на седум последователни титули во лигата“, додаде Алегри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА