Алегри на преговори со Баерн Минхен

Искусниот италијански тренер Масимилијано Алегри се наоѓа на мета на Баерн Минхен, кој на крајот на сезоната најверојатно ќе се раздели со Ханси Флик.

Италијански „Спорт Медијасет“ објави дека баварскиот гигант почнал преговори со Алегри, кој веќе две години е без ангажман, откако го напушти тимот на Јувентус. Алегри не е единствена желба на Баерн, кој е заинтересиран уште за Томас Тухел и Џулијан Нагелсман, иако тој демантираше дека ќе се пресели во Минхен.

Алегри претходно беше поврзуван и со враќање назад во Јуве, но трофејниот стратеег не крие дека желба му е да работи во клуб надвор од Италија.

Се вчитува...