Франција не е САД: Олисе не доби подарок од ФИФА да му се укине жолтиот картон

Мајкл Олисе во четвртфиналето на Светското првенство против Мароко се соочува со едно предупредување од суспензија. Француската фудбалска федерација се обиде да го поништи жолтиот картон на крилниот играч против Парагвај, но ФИФА го отфрли нивното барање.

Олисе заработи картон на крајот од натпреварот поради конфликт со Матијас Галарза, а францускиот штаб тврдеше дека немало контакт што би ја оправдал казната. Сепак, одлуката остана на сила, што значи дека уште еден жолт картон против Мароко би значел пропуштање на евентуалното полуфинале.

„Утрово ја добивме одлуката на ФИФА – картонот останува“, потврди селекторот Дидие Дешан пред натпреварот со Мароканците.

Ова е дополнителна загриженост за Франција пред клучниот натпревар, особено по неодамнешниот случај со поништениот црвен картон за американскиот репрезентативец Фоларин Балогун.

Се вчитува...