Алегри: Одземените бодови ништо нема да ни сменат

Судот при Фудбалската Асоцијација на Италија жестоко ја казни „старата дама“ со бришење на огромни 15 бода за финансискиот скандал поради неисплатени примања до играчите. Покрај тоа казна за забрана на вршење на должност добија и директорот Паратичи, Ањели и Павел Недвед, а целиот случај и понатаму е топ тема во италијанската јавност.

На истата сега говореше и тренерот Масимилијано Алегри кој вели дека пресудата не менува ништо. Јувентус мора да продолжи борбено до самиот крај бидејќи жалбата може да ја намали казната, а бодовите ќе бидат значајни.

„Ништо нема да се промени. Ние мораме и понатаму да освојуваме бодови, мораме да ја победиме Аталанта бидејќи победа ќе не искачи на седмото место на табелата. Имаме и натпреври во Лига Европа, во Купот… Мораме да играме најдобро што можеме, борбено во стилот на Јувентус. Следната недела ни се враќаат Влаховиќ и Погба, сега повторно можеме да сметаме и на Квадрадо“, вели италијанскиот стратег.

„Пред оваа пресуда имавме 37 бодови и шанса за настап во Лигата на Шампиони, а можеби и шанса за титула. Мораме да си ја завршиме нашата должност. Завршната одлука ќе биде за два месеца и не смееме да си дозволиме тогаш да тагуваме за нешто што било во наши раце, а не сме го направиле“

Се вчитува...