Алегри потпиша за Јувентус до 2020 година

Масимилијано Алегри и дефинитивно ја продолжува својата авантура како шеф на стручниот штаб на Јувентус, откако трофејниот стручњак потпиша нов тригодишен договор со најтрофејниот италијански клуб. Поразот од Реал Мадрид во финалето од Лигата на шампионите не го наруши одличниот впечаток што „старата дама“ го остави во текот на сезонава, во која не само што беше освоена третата италијанска двојна круна во низа, туку и беа прикажани бројни одлични настапи во елитното европско натпреварување.

Сериозен интерес за Алегри во изминатиот период искажаа Барселона и Арсенал, но италијанскиот стратег секогаш потенцираше дека приоритет му е останување во Јувентус, желба што му се исполни со овој нов потпишан договор.

Со задоволство можеме да објавиме дека Масимилијано Алегри потпиша нов договор со клубот, со важност до 2020 година. Со овој договор продолжува одличната соработка со која не само што се зацврстивме како најдобар италијански тим, туку и еволуиравме во самата елита на европскиот фудбал“ – се вели во клупското соопштение на Јувентус.

Се вчитува...