Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, изрази големо почитување кон Наполи пред денешниотнатпревар меѓу двата тима. Според него, претстојниот натпревар против шампионите на гости ќе биде вистински тест за „росонерите“, кои се во серија од четири победи без примен гол во сите натпреварувања.
После поразот на првиот меч, Милан влезе во добра форма и сега во одлична атмосфера го чека дуелот со актуелниот првак.
„Играме против Наполи, кој минатата сезона заслужено го освои Скудетото. Имаа одличен преоден ок и мислам дека остануваат фаворити за титулата. Конте е многу добар во тоа да ги натера играчите да играат на високо ниво. Наполи победи на 18 од послендите 26 натпревари, додека Милан секогаш губел од нив дома во последните години. Јас се надевам дека ќе ги промениме тие бројки, затоа што ова ќе биде одличен натпревар. Исто така за нас ќе биде важен тест за тоа колку се развиваме. Ќе мораме да одиграме добри повеќе од 90 минути“, рече Алегри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

