Алегри: Сезоната на Јувентус не може да се смета за неуспешна

Сезоната исполнета со контроверзии за Јувентус донесе крај на низата од 12 години последователен пласман во Лигата на Шампиони, но и покрај тоа предводникот на „старата дама“, Масимилијано Алегри верува дека истата не може да се смета како неуспешна и донела и многу позитвни работи.

Италијанскиот стратег вели дека на никој не му посакува ваква сезона во која на тимот му се одземаат бодови и верува дека се поставени добри темели за иднината.

„Им се заблагодарив на момците по натпревари бидејќи ова беше исклучителна сезона и мораме да ја затвориме чесно во Удинезе. На никој не му посакувам вкава сезона во која ви одземаат па ви враќаат бодови. Ова против Милан е најмногу што можевме. Сезона полна со аномалии. Луѓето велат дека Јувентус доживеа неуспех, но ние и покрај се освоивме 69 бодови. Ова се сепак добри темели“, вели Алегри.

Се вчитува...