Алегри тврдеше дека нема да го напушти Јуве, но…: Сега ќе биде тренер на Елмас во Наполи!?

И покрај тоа што Јувентус две сезони во низа е без трофеј, Масимилијано Алегри изминатиов период постојано тврдеше дека нема шанса да замине од клубот.

„Имам уште две години од договорот и ќе дадам се од себе да го вратам Јуве на врвот. Ние оваа сезона на терен бевме втори, што е напредок во однос на минатата сезона. Зад нас е многу лоша недела, но мора да продолжиме понатаму“ – рече неодамна Алегри.

Но, сега од Италија пристигнуваат сосема поразлични информации, според кои Алегри, по две години, сигурно го напушта Јувентус.

Алегри, наводно, е блиску до преземање на актуелниот шампион на Италија, Наполи, кој остана без Лучијано Спалети.

Како што објавува „Калчомеркато“, на доаѓањето на Алегри во Наполи најмногу инсистира контроверзниот претседател, Аурелио Де Лаурентис.

Се вчитува...