Алек Јончевски, нов предводник на тренерската фела во мак-баскетот

Шефот на стручниот штаб на Кожув, Александар Јончевски, е единствен кандидат за нов претседател на Здружението на Кошаркарски Тренери (ЗКТ), функција што остана испразнета по трагичната смрт на Драган Василов – Цевка.

ЗКТ во изминатиот период ја почна процедурата за поднесување на кандидатури, при што единствениот што ги собрал неопходниот број потписи е токму Јончевски.

За 7 октомври е закажано Дописното собрание на кое ќе биде поставено прашањето:

Кој е за тоа Александар Јончевски да биде претседател на ЗКТСМ во наредните 4 години, со опции да се гласа ЗА, ПРОТИВ или ВОЗДРЖАНО.

Според член 20 од Статутот, за да Собранието биде валидно, потребно е да бидат присутни (да гласат) една третина од вкупниот број на членови на Собранието. Доколку Јончевски добие повеќе од 50% од вкупниот број на присутни членови (односно од оние кои ќе гласаат по дописен пат), ќе се смета дека е избран за нов претседател на ЗКТСМ, со мандат до 7.10.2024 година.

Се вчитува...