Кошаркар на ЛА Лејкерс влегол во авион со марихуана, полицијата веднаш го уапсила

Алекс Карузо доживеа непријатности на аеродромот во Тексас, за што во голема мерка е и самиот виновен. Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, носејќи марихуана во својата торба, се обидел да се качи во авионот, па полицијата го запрела во оваа негова намера и веднаш го уапсила.

Алекс имал и опрема за конзумирање марихуана и поради сето тоа ќе добие само прекршочна пријава. Тој бил уапсен и за кратко време ослободен со кауција.

Карузо веројатно опуштено отишол во родниот Тексас затоа што марихуаната е легална во Калифорнија. Сепак, тоа не е случај во државата Тексас, а поседувањето на марихуана се казнува со затвор од 180 дена.

Ова може да влијае и на кариерата на Алекс, со оглед на тоа што тој е слободен агент во текот на ова лето, а прашање е дали Лејкерси ќе сакаат да го задржат петта последователна сезона.

Се вчитува...