Александар Јончевски си поднесе отставка од тренерското место во Трепча

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски повеќе не е тренер на косовскиот клуб Трепча од каде си поднесе отставка по убедливиот пораз во последното коло од Приштина.

Видно разочаран од односот на играчите за кои побитна била индивидуалната статистика отколку тимската игра, македонскиот стартег не ги штедеше зборовите по завршување на мечот.

„Ја преземам одговорноста за денешниот пораз пред управата на Трепча. Ќе имам состанок со раководството на клубот за да разговараме како ќе продолжиме. Направивме некои промени и подобрувања со мислата дека ќе се подобриме. Овој тим на Трепча изграден од оваа управа е дизајниран да биде на врвот на табелата и да се бори и да освојува трофеи. И играчите треба да ја преземат одговорноста зад мене за денешниот пораз. Индивидуалната игра доминира и играчите размислуваат само за лична статистика. Овие играчи имаат ум и срца на друго место. Вакви играчи не заслужуваат да го носат дресот на Трепча“, изјави Јончевски.

Како потсетување, македонскиот стратег го превзема тренерското место од Љубомир Минчев на почетокот на ноември.

Се вчитува...