„Александар Коларов“ – Халанд ги освои симпатиите во Србија (ВИДЕО)

Поранешниот српски фудбалер Александар Коларов помина седум години во Манчестер Сити оставајќи длабока трага во сега гигантот на англискиот фудбал.

Добро познат по пробивите и центаршутевите од левата страна беше енигма за многу фудбалери, а се чини дека и се уште е инспирација за младите фудбалери на „граѓаните“.

Манчестер Сити на социјалните мрежи објави видео од тренинг на кое ѕвездата Ерлинг Халанд упатува центаршут додека извикува „Александар Коларов“. Овој потег на Норвежанецот наиде на големо задоволство во Србија, освојувајќи бројни симпатии.

Се вчитува...