Александер-Арнолд го пропушта мечот со Тотенхем

Десниот бек на Ливерпул Трент Александер-Арнолд, може да го пропушти натпреварот против Тотенхем поради повреда на грбот, потврди Јирген Клоп. Младиот англиски фудбалер се повреди во подготовките со репрезентацијата, поради која не беше во составот за националниот тим во првите два натпревари од квалификациите за Европското првенство 2020 година.

„Трент и понатаму чувствува болка во грбот. Не сум сигурен дали ќе може да биде во тимот за мечот со Тотенхем. Тешко е да се дефинира кој е вистинскиот проблем и поради тоа сум фрустриран“, рече Клоп. 

Ливерпул е лидер во Премиер лигата со два бода повеќе од Манчестер Сити, но и натпревар повеќе.

Се вчитува...