Алексис го одржува Арсенал во трката по место во ЛШ

Арсенал дефинитивно не се откажува од трката за место во ЛШ откако „топчиите“ по триумфот над Манчестер јунајтед вечерва славеа и на незгодното гостување против Саутемптон со 0-2. Човек на одлука беше Алексис Санчез, кој го отвори резултатот, а потоа по неговиот центаршут Жиру ги постави конечните 0-2 за огромни три бода за тимот на Арсен Венгер.

„Топчиите“ со оваа победа сега имаат четири бода помалку од Ливерпул, но и средба помалку од „црвените“. Избраниците на Венгер за пласман во ЛШ ќе треба да слават на своите последни три средби, на гостувањето против Стоук и на домашен терен со Сандерленд и со Евертон, но и Ливерпул да не освои максимални шест бода во своите два меча (на гостувањето против Вест хем и на домашен терен со Мидлсброу).

Арсенал заостанува два бода зад Манчестер сити, но „граѓанит“ имаат најлесен распоред до крајот, играјќи дома со Лестер и со ВБА и на гостински терен против Ватфорд.

Alexis Sanchez Goal HD – Southampton 0-1… by jaredpeele

Olivier Giroud Goal HD – Southampton 0… by LiveFootball28

Се вчитува...