Алексис Санчез откри зошто го промени бројот на дресот во репрезентацијата на Чиле

Репрезентацијата на Чиле во пријателски натпревар го победи Парагвај со 3-2, а покрај петте гола видовме и три црвени картони. На крајот во центарот на вниманието беше Алексис Санчез, кој неочекувано на дресот облече поинаков број од вообичаеното, а објасни зошто се решил на ваква промена.

Санчез со години го носеше дресот со број седум во чилеанската репрезентација, а тој број беше негов заштитен знак, но неочекувано донесе одлука да го промени тоа и отсега ќе игра во дресот со број десет.

По натпреварот, напаѓачот на Марсеј објасни зошто донел таква неочекувана одлука во доцните години и решил да игра со бројот десет во националниот тим на својата земја.

„Во мојата ера со бројот седум веќе ги соборив сите рекорди, станав најдобар стрелец на сите времиња во репрезентацијата, најдобар асистент… Ги урнав сите рекорди. Го дадов бројот седум на друг играч и почнав ново поглавје со бројот десет“, изјави Санчез. 

Се вчитува...