Алексовски раскина со Вардар, следна дестинација – Шкупи

Егзодусот на македонските репрезентативци од Вардар продолжува, откако денеска од таборот на „црвено-црните“ си замина и Игор Алексовски. Овој 23-годишен голман пристигна во Вардар по одличните настапи на голот на младинската репрезентација и настапот на ЕП, но не доби шанса каква што заслужува и денеска и официјално го раскина договорот со актуелнито вицешампион.

„Игор Алексовски  не е повеќе голман на Вардар. Двете страни се договорија на спогодбен раскин на договорот, една година пред истек на истиот. Алексовски веќе ја напушти „базата“ на Вардар во Словенија“ – беше соопштено на официјалната веб-страница на Вардар.

 Алексовски нема да има проблеми да си најде нов ангажман, а најблиску до неговиот потпис е Шкупи, клуб што сака да го ангажира како големо засилување за новата сезона.

Се вчитува...