Алексовски: Вардар оди на трофеј во Купот

Актуелниот шампион Вардар игра на многу фронтови оваа сезона, за првпат обезбеди историски пласман во групите од Лигата на Европа, а тоа одзема многу сили пред настапите во првенството и во Купот на Македонија. Сепак, „црвено-црните“ мораат да се докажат на домашна сцена, а голманот Игор Алексовски потврдува дека тимот е фокусиран на освојување на трофеите.

Во првенството Вардар заостанува зад Шкендија, а во Купот денеска во Ѓорче Петров (13 часот) ќе го одигра првиот осминафинален натпревар против Шкупи. А во четвртфиналето веќе го очекува Шкендија.

„Во секое натпреварување Вардар мора да оди на трофеј. Така ќе биде оваа сезона и во Купот на Македонија. Денеска против Шкупи посакувам да бидеме вистинските, да пружиме добра игра и на крајот да дојдеме до посакуваниот резултат, а тоа е победа која што многу ќе ни значи пред натпреварот со истиот противник и во првенството. Посакуваме триумф и со предност да одиме на реваншот“, вели Алексовски.

Академија Пандев, Пелистер и Ренова веќе обезбедија пласман во полуфиналето на Купот на Македонија.

Се вчитува...