Алесандро Неста има нов клуб за наредната сезона

Прославениот италијански репрезентативец Алесандро Неста ќе има нов тренерски ангажман, откако се договори да го преземе кормилото на Реџана. Станува збор за клуб што сезоната влезе од третата во втората италијанска лига, но без оглед на добрите резултати управата реши да му се заблагодари на досегашниот тренер Аимо Диана и на негово место да го ангажира токму Неста.

Екс-капитенот на Лацио по завршувањето на играчката кариера во 2014 година имаше три тренерски ангажмани, во Мајами ФЦ, Перуџа и во Фросиноне, но со ниту еден од овие клубови не успеа да оствари некој позначаен резултат. Останува да се види дали ќе има повеќе среќа со Реџана, клуб кој се надева на борба за горниот дел од табелата во првата сезона по влезот во Првата лига.

Неста е уште еден поранешен италијански репрезентативец кој води тим во втората италијанска лига, откако Фабио Гросо го предводеше Фросиноне до титулата во Серија Б, додека Масимо Одо во февруари го наследи Даниеле де Роси на клупата на СПАЛ.

Се вчитува...