Али Адем: Не го потценуваме Работнички, но наша цел е полуфинале во Купот на Македонија

По победата во првенството против Вардар, екипата на Шкупи веќе утре ја очекува дуелот против Работнички во четвртфиналето од Купот на Македонија.

Фудбалерот од средниот ред Али Адем вели дека императив на секој во тимот е пласман во полуфиналето на најмасовното домашно клупско натпреварување.

„Се подготвивме максимално за куп-натпреварот, како и досега за другите натпревари. Не чека меч низ една напорна недела, бидејќи викендов не очекува уште еден многу важен дуел во Кратово против Силекс. Но, ние имаме свои планови и одиме утрешниот натпревар за да победиме. Верувам дека ако ги следиме инструкциите на тренерот, нема да имаме проблем против Работнички, против кого славевме во првенството. Тоа не значи дека го потценуваме противникот, но на овој натпревар ќе одиме максимално мотивирани по нов триумф“ – вели Адем.

Куп-натпреварот Работнички – Шкупи се игра утре на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари со почеток од 13 часот, а ќе суди штипјанецот Крунислав Ѓорѓиев.

Се вчитува...