Али Адем официјално промовиран во дресот на Арис (ФОТО)

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Али Адем и официјално промовиран во дресот на грчкиот суперлигаш Арис.

20-годишниот Адем по заминувањето од Вардар се одлучи да ја прифати понудата на Арис потпишувајќи четиригодишен договор, до јуни 2024 година.

По официјалната промоција, Адем денеска го одработи и првиот тренинг со тимот од Солун.

Се вчитува...