Али Адем потпиша четиригодишен договор со грчки Арис!

Еден од најголемите таленти на македонскиот фудбал, Али Адем во следните четири години ќе го носи дресот на грчки Арис, пренесуваат грчките медиуми.

Како што информира „Спортајм“ преговорите веќе се завршени а наредните денови се очекува само официјална промоција на 20-годишниот Адем во дресот на Арис. Грците веќе една година ги следеа настапите на членот на младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години, сега како слободен фудбалер одлучувајќи да го ангажираат до јуни 2024 година.

За Адем беа заинтересирани и Фенербахче и Спортинг Лисабон, но одлучи финансиската понуда за трансфер во редовите на Арис. Минатата сезона беше незаменлива алка во средниот ред на Вардар кој стигна до шампионската титула во Македонија.

Се вчитува...