Алими: Жалиме за ремито, но се уште го живееме Мундијалскиот сон

Македонија драстично ги намали шансите за директен пласман на Светското првенство со ремито против Казахстан со 1-1 во Скопје.

И покрај загубените два бода сонот за Мундијал се уште не е згаснат и многу работи ќе зависат од последниот натпревар од квалификациите против Велс на гостински терен. Тоа добро го знаат и македонските фудбалери.

Жалиме многу, но направивме се што можевме. Бевме уморни од натпреварот со Белгија. Креиравме многу шанси, но како да немавме доволно среќа. Во првото полувреме требаше да бидеме поагресивни, а во второто одигравме подобро, но малку ни фалеше за да дојдеме до таа победа. Фудбалот е таков, понекогаш добиваш, а понекогаш губиш.

Но, нашиот сон не е згаснат, имаме уште шанси и треба да мислиме за натпреварот во ноевмри“, рече Алими.

Се вчитува...