Алиоски двоен асистент, Лидс се врати на врвот (видео)

Лидс се врати на врвот на табелата во Чемпионшип-дивизијата откако тимот на нашиот Езгијан Алиоски славеше со 2-1 над Свонси, користејќи го „киксот“ на Норвич за скок на првата позиција.

Екипата предводена од Марсело Биелса двата гола ги постигна во првото полувреме, и двата на асистенции на Алиоски. Првиот гол беше дело на Јансон по среќно додавање од Македонецот и неговиот неуспешен обид за шут, додека вториот погодок го постигна Харисон по извонредниот центаршут што Алиоски го испрати од левата страна.

Се вчитува...