Алиоски: Една победа до остварување на сонот, шанса која не се пропушта

ЕКИПА во Тбилиси, Грузија

Владимир Булатовиќ

Повеќе од очигледна е еуфоријата која владее во репрезентативниот табор во очекување на историскиот натпревар за пласман на Европското првенство следната година. Тбилиси и Грузија засекогаш може да останат запишани со златни букви во македонската фудбалска историја доколку вечерва момците на Игор Ангеловски се изборат за место меѓу најдобрите на Стариот континент.

„На само една победа сме од остварување на сонот. Ова е шанса која не се пропушта, свесни сме за тоа и знаеме дека мораме да ја искористиме“ – вели еден од најдобрите македонски фудбалери Езгијан Алиоски.

Натпреварот меѓу Грузија и Македонија на „Динамо арена“ во Тбилиси се игра со почеток од 18 часот.

Се вчитува...