Алиоски го оперираше менискусот, ги пропушта мечевите со Полска и со Австрија

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски ќе ги пропушти преостанатите натпревари за Лидс Јунајтед до крајот на сезоната, но многу веројатно и двата квалификациски натпревари на националниот тим против Полска и со Австрија, што ќе се играат во јуни. Тој денеска го оперираше менискусот на левото колено, откако на синоќешниот меч против Брентфорд заработи сериозна повреда, поради која беше повлечен од игра уште во 11. минута.

Директорот на Лидс Виктор Орта е разочаран поради тоа што во најважните мечеви сезонава во борбата за пласман во Премиерлигата, тренерот Биелса нема да може да смета на еден од најдобрите фудбалери.

„Ние сме разочарани од веста дека Џани нема да може да игра до крајот на сезоната. Тој го покажа својот квалитет во текот на целата година играјќи на различни позиции. Алијоски е омилена личност во нашиот тим, секогаш ги става соиграчите на прво место и претставува пример за сите во клубот“, изјави Орта. 

Лидс Јунајтед на две кола до крајот е на третото место на табелата во Чемпионшип.

Се вчитува...