Алиоски ја задржа „десетката“ и за Премиер-лигата

Езгијан Алиоски ќе биде единствениот македонски репрезентативец во новата премиерлигашка сезона, откако лани беше значајна алка во тимот на Лидс што го освои првото место во Чемпионшип-дивизијата.

Лидс денеска и официјално ги потврди бројките за новата сезона, при што на Македонецот му припадна честа да ја носи „десетката“ и во новата сезона. Се очекуваше овој број да заврши кај Родриго, кој како големо засилување пристигна од Валенсија, но Шпанецот на крајот го избра дресот со број 20, оставајќи ја „десетката“ за Алиоски.

Марсело Биелса инсистира на уште неколку засилувања во текот на месецот, а веќе се стартувани преговорите за Дракслер од ПСЖ, Де Паул од Удинезе и за Гвардиол од Динамо Загреб.

Се вчитува...