Алиоски ја загуби трката со времето, не игра со Шкотска

Македонија ќе биде дополнително ослабена вечерва на дуелот со Шкотска откако Езгијан Алиоски ја загуби трката во времето за да се опорави за настап на овој натпревар.

Левиот бек не настапи на последниот дуел со Словенија, беше најавено дека тој ќе може да биде во тимот со Шкотска, но очигледно состојбата со повредата во меѓувреме се искомпликувала, па Алиоски не се најде на листата на играчи за овој натпревар објавена попладнево на официјалната веб-страница на УЕФА.

По ваквиот развој на настаните, се очекува на лев бек да стартува Херера, а интересно ќе биде да се види какво решение ќе избере Седлоски за нападот, кој ќе му прави друштво на Миовски кој речиси сигурно ќе стартува против селекцијата од лигата каде што настапува во моментов.

СОСТАВ МАКЕДОНИЈА

ГОЛМАНИ: Давор Талески, Дамјан Шишковски, Столе Димитриевски.

ОДБРАНА: Бојан Илиевски, Себастијан Херера, Андреј Стојчевски, Ѓорѓе Џеков, Висар Муслиу, Анес Мељичи, Марио Младеновскки.

СРЕДЕН РЕД: Елиф Елмас, Лука Станковски, Енис Барди, Агон Елези, Матеј Гаштаров, Тихомир Костадинов, Јани Атанасов.

НАПАД: Бојан Миовски, Елмин Растодер, Азер Омерагиќ, Љупче Дориев, Димитар Митровски, Христијан Малески.

Се вчитува...