Алиоски ја запечати победата на Лидс… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски го постигна седмиот погодок сезонава во дресот на Лидс запечатувајќи ја убедливата победа од 4-0 на својот тим против ВБА во 35. коло од Чемпионшиплигата на Англија.

Алиоски од непосредна близина погоди во 92. минута за конечни 4-0.

 

По оваа победа Лидс со 67 бода повторно се врати на врвот од табелата, со бод предност во однос на Норвич кој има и натпревар помалку.

Се вчитува...