Алиоски со среќна асистенција за победа на Лидс…. (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски со асистенцијата за вториот погодок партиципираше во денешната победа на Лидс од 2-0 против Дерби во првиот натпревар од 27. коло во Чемпионшип лигата.

Лидс победата ја најави уште во првото полувреме со погодокот на Руф во 20. минута од средбата. Конечните 2-0 ги постави Харисон во 47. минута откако помалку среќно пред голот на гостите беше проигран од Алиоски…

По оваа победа Лидс се зацврсти на врвот од табелата сега со пет бода предност во однос на второпласираниот Норвич.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...