Алиоски: Уморни сме, но секогаш треба да даваме максимум за Македонија (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација ќе има можност единствено преку престојните два пријателски натпревари со Финска (17. ноември) и Азербејџан (20. ноември) во Скопје да реализира подготовка на тимот со кој ќе располага селекторот Благоја Милевски за квалификациите за ЕП 2024 кои почнуваат во март следната година.

Ова се единствените тест-дуели кои Македонија ќе ги има пред мартовскиот квалификациски почеток па и единствена можност за селекторот Милевски околу креирањето на тимот кој ќе треба да го бара патот до ЕВРО 2024.

Репрезентативниот бек Езгијан Алиоски пред мечот со Финска вели дека овој меч ќе биде еден добар тренинг за репрезентативците…

„Уморни сме по сите натпревари кои ги одигравме оваа сезона. Важно е да нема повреди. Овие пријателски натпревари ќе бидат како еден вид тренинг за нас. Секако дека сакаме да победиме. Важно ни е да обезбедиме добар резултат. Треба секогаш да даваме сè од себе. Знаеме какви квалитети поседуваме. Почит за сите кои доаѓаат да играат за репрезентацијата. Тоа е фудбалот, ние сакаме да го правиме тоа и затоа сме тука“, изјави левиот бек.

 

 

Се вчитува...