Алиоски во тимот на колото во Чемпионшип

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски доби место во најдобриот тим на колото во Чемпионшип дивизијата. Тој беше еден од најзабележителните играчи на Лидс Јунајтед во триумфот од 4-0 против Вест Бромвич Албион. Алиоски беше стрелец на четвртиот погодок за својот тим.

„Алиоски беше важен дел од тимот и имаше фантастична индивидуална претстава на мечот против Вест Бромвич Албион. Лидс покажува аспирации за пласман во највисок ранг“, велат за Алиоски на сајтот на Чемпионшип дивизијата во Англија.

Се вчитува...