Ракометарите на Алкалоид денеска ќе го пречекаат Вардар во дербито на 6. коло од плеј-офот во Суперлигата на Македонија.
„Црвено-црните“ направија голем чекор кон освојување на титулата со победата во Битола над шампионот Е. Пелистер, но за да останат во пол-позиција ќе мора да стигнат до поволен резултат и на денешното гостување во Автокоманда.
Од друга страна Алкалоид и покрај големиот број повреди, испиша историја пласирајќи се во финалето на ЕХФ купот каде за противник ќе го имаат грчки АЕК. Настапот во Европа им направи мали проблеми на домашен план на „фармацевтите“, но и доколку не успеат да стигнат до победа денеска над Вардар тие се сигурни на третата позиција.
Натпреварот кој ќе се игра во салата во Автокоманда е со почеток во 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА