Алкалоид, ГРК Охрид и Бутел ги дознаа можните противници во ЕХФ купот

По комплетирањето на првата рунда од ЕХФ Европскиот Куп, фокусот на македонската спортска јавност се сели кон утрешната ждрепка во Виена (22 септември), каде три наши екипи ќе ги дознаат своите противници за второто коло. Македонија, за жал, остана со претставник помалку во ова натпреварување откако тимот на ГРК Тиквеш доживеа елиминација во двомечот против луксембуршки Еш.

Предизвиците во второто коло ги очекуваат двата поранешни и актуелни освојувачи на овој европски трофеј. Бранителот на европската титула, ГРК Охрид, заедно со првиот историски македонски освојувач на ова натпреварување, РК Алкалоид, се сместени во повластениот прв шешир пред извлекувањето во Виена.

Од друга страна, екипата на Бутел Скопје се најде во вториот шешир. Ждрепката ќе се одржи утре во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена.

Се вчитува...