Алкалоид потпишува со Џонов од Пролет

Иван Џонов ќе го напушти тимот на Пролет и вториот дел од сезонава ќе го мине во дресот на Алкалоид, откако двата скопски суперлигашки се договориле околу висината на отштетата за македонскиот репрезентативец.

Џонов дебитираше на големите натпреварувања на СП 2023 во Полска, а и по завршувањето на мундијалот ќе продолжи да тренира под водство на Кире Лазаров. Договорот ќе биде долгорочен, а Џонов дефинитивно ќе биде еден од адутите на Алкалоид во борбата за излез во ракометна Европа за амбициозниот проект зад кој стои една од најмоќните компании во Македонија.

Пролет во јануари ги продаде Михаил Аларов и Томи Јагуриновски на Вардар, а сега даде зелено светло и за заминување на Џонов. Скопскиот клуб има нова генерација на млади и перспективни ракометари, дел од нив настапуваа одлично за кадетската репрезентација при освоеното прво место на ЕХФ шампионатот во Летонија, кои сега ќе добијат значителна минутажа и шанса за докажување во плејофот.

Се вчитува...