Алкалоид со уште еден импресивен офанзивен натпревар стигна до втората победа во регионалната лига, славејќи со 29-40 на гостувањето во Црна Гора против Ловќен. Откако пред неколку дена на истиот тим му дадоа 54 гола на истиот ривал во Скопје, избраниците на Кире Лазаров беа на висина на задача и на денешниот дуел на кој 40 пати ја затресоа мрежата на црногорскиот претставник.
Конечниот исход е убедлив, но мора да се истакне одличниот отпор на домашните ракометари во првиот дел. Алкалоид отвори со 1-4, но Ловќен не се предаде, цело полувреме парираше, а пред крајот за момент и поведе со 18-17. На одмор се замина со изрманети 18-18, а клучна беше серијата на Алкалоид од шест гола на почетокот од вториот дел, кога македонскиот претставник се одлепи резултатски, по што влезе во посакуваниот ритам и на крајот стигна до нова двоцифрена победа.
Џонов ги предводеше стрелците на Алкалоид со осум погодоци, два помалку постигна Марко Митев, додека со по пет гола овој натпревар го завршија Дамјан Митев и Ненад Костески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
