Алкалоид релаксирано си поигра со Куманово

Ракометарите на Алкалоид, целосно оправдувајќи ја фаворитската улога, лесно триумфираа против Куманово во салата „Автокоманда“ во Скопје со 37-21, доаѓајќи до третата победа во низа оваа сезона во Суперлигата.

Се чини ова беше само полесен тренинг за тимот на Кире Лазаров, во кој Дамјан Митев имаше шест гола и беше прв стрелец а по пет гола постигнаа Петковски, Николов и Тордарсон.

Во противничкиот тим се издвои Наум Костов со девет гола од десет обиди, притоа со седум постигнати гола од седмерец.

Се вчитува...