Алкалоид триумфално низ „Јасмин“ во Кавадарци

Ракометарите на Алкалоид триумфиално ја завршија дерби-пресметката од 9. коло во Суперлигата на Македонија, победувајќи на секогаш жешкото гостување против Тиквеш во Кавадарци со 23-28.

Избраниците на Кире Лазаров точно знаеја што сакаат од дуелот во „Јасмин“ против кавадарчани иако првото полувреме мина низ крајно израмнета игра со предност по првиот дел од 14-13 на домашните. Сепак, во второто полувреме тотална доминација на Алкалоид.

Уште од самиот почеток на вторите 30 минути Алкалоид заигра далеку посигурно во нападот, а со цврста одбрана успеа да направи разлика во однос на Тиквеш за на крај победа од пет гола разлика, 23-28.

Убедливо најдобар во победничкиот тим беше Марко Митев со 7 гола, пет постигна Марко Стојковиќ а со четири погодоци мечот го заврши Дамјан Митев. Кај Тиквеш, се издвои Мартин Манасков со 8 гола, а Ани Обина заврши со четири постигнати гола но предвреме го заврши мечот по повредата во второто полувреме.

Алкалоид сега има шест победи во Суперлигата, издвојувајќи се пред Тиквеш на четвртата позиција на табелата.

Се вчитува...