Алкараз и Швјонтек сигурни на стартот во Индијан Велс

Вториот тенисер во светот Карлос Алкараз успешно го стартуваше својот настап на првиот турнир од АТП Мастерс 1000 серијата во Индијан Велс.

Алкараз во американската пустина во второто коло славеше над Австралиецот Танасис Кокинакис со максимални 2-0 по сетови 6-3 и 6-3. Во 3. коло Алкараз за противник ќе го има Холанѓанецот Талон Грикспор.

Пламсна во третото коло обезбедија и минатогодишниот шампион Тејлор Фриц, како и Хуберт Хуркач од Полска и Данецот Холгер Руне.

Кај дамите првата тенисерка Ига Швјонтек продолжи со одличните партии сезонава откако во втората рунда и препушти само еден гејм на домашната тенисерка Клер Лиу.

Се вчитува...