Алкараз: Не се плашам од славата – Секогаш сум бил нормален дечко, таков и ќе останам

Карлос Алкараз направи уште еден успех во својата кариера и ја освои титулата на АТП турнирот од серијата 500 во Барселона.

Шпанецот се соочи со доста предизвици, беше на чекор од елиминација особено во полуфиналето, но пронајде начин да остане во игра за да во финалето со пеколна партија против Пабло Карењо Буста дојде до третата титула во оваа 2022 година.

„Невозможно е да се заврши турнирот на подобар начин. Мислам дека ова е мојот најдобар натпревар оваа недела, исклучително сум задоволен. Отсекогаш сум бил нормално момче. Не се плашам од слава, ќе продолжам да правам се исто како порано, нема да се променам како личност“, рече Карлос.

Шпанецот се проби во Топ 10 со исто сценарио како неговиот сонародник Рафаел Надал пред 17 години.

„Среќен сум што сум толку млад во елитното општество, особено на истиот датум со мојот идол Рафа“, порача 18-годишниот Алкарас.

Се вчитува...